Охрид со апел: Да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија!

175

Охридкиот пливачки маратон, чиј покровител е претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, чудно но вистинито оваа година нема да се одржи. Причината е блокираната сметка на пливачката федерација.

Откажувањето се случи на 60-годишнината од постоењето на оваа манифеставија. Градоначалникот Пецаков истакна дека одлучката е срамна. жали што Охрид нема да ги пречека најдобрите светски пливачи.

„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер. Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија, вели Пецаков.

Откажувањето на охридскиот маратон е слика на спортот во Македонија, несериозноста на сите лица вклучени во единственото нешто што го сплотува и радува народот. Голем број федерации добија раководни лица кои едноставно не ги заслужуваат своите места. Топката секогаш се префрла од едни на други, никој не успева да ја смири, а од ваквите жални слики, другите чекаат да „ќарат“ или пак да се истакнат во јавноста. Штета за спортот!

ФОТО: ohridnews.com

ПретходноЛеброн Џејмс прв заработи половина милијарда долари во НБА!
СледноНенад Димитријевиќ се приклучи, се чека уште Николов!