Македонските пингпонгари го завршија настапот на Европското првенство во поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки и микс двојки што се одржува во Минхен, Германија.
Нашата репрезентација ја сочинуваа Филип Младеновски од екипата ППК Шампион Фа од Штип, кој настапи во конкуренција машки поединечно, машки двојки и микс двојки и Амелија Николов од екипата ППК Шампион Фа од Штип, која настапи во конкуренција женски поединечно, женски двојки и микс двојки.
Во мешани двојки, Филип и Амелија беа поразени во 1. коло од Либене/Авамери од Естонија со 3:0. Амелија Николов и Филип Младеновски во групната фаза претрпеа по три порази, а и двајцата имаа настапи и во двојки, но и таму претрпеа порази на стартот.