Плеј-оф во ЛК: Шкупи сака групна фаза, сака ИСТОРИЈА!

305

Се покажа, по целата летна одисеја во Европа, од настапите во квалификациите во Лигата на Шампионите и Лигата на Европа,дека токму двомечот со косовскиот Балкани ќе биде историски за нашиот шампион, за Шкупи. Имено вечерва од 21 часот на Арената во Скопје и наредниот четврток на реваншот во Приштина, ќе се  решава конечно дали чаирчани ќе имаат европска есен, дали ќе играат во групната фаза во Лигата на Конференции.

Овој двомеч во плеј -офот во ЛК ќе биде и трета меч-топка за чаирчани, за загарантиран пласман во групна фаза. Шкупи не успеа против Динамо Загреб, малку недостигаше, не успеа против Шамрок Роверс, во двомеч за заборав, и ете, сега е шансата, а таа се вика Балкани. Клуб каде што спортски директор е Ндерим Неџипи, “детето“ од Чаир и веројатно најголемиот талент кој потекнал од Шкупи. Но, тоа е живот или фудбалска иронија.

Јасно е дека сите во  Шкупи, од првиот човек на клубот Ајдин Олгун, па се до фановите, сакаат историја, сакаат оваа генерација да ја испише клупската историја и да го донесе најголемиот клупски успех на европски план.

Секако најмногу тоа го посакуваат тренерот Гоце Седлоски и неговите момци. По она што се случи со Шамрок, сега тие се на потег, сега нема веќе ако загубиме ќе играме со овој, па со оној. Сега следуваат решавачки 180 минути, рековме веќе, ваква шанса за групна фаза чаирчни тешко дека ќе имаат во наредните години и децении.

А за да се оди во Приштина на реваншот релаксирано и без притисок, вечерва Шкупи ќе мора да победи, макар и минимално.

Фановите одново најавуваат голема поддршка,но и бараат победа и само победа.

Рековме веќе, натпреварот вечерва започнува во 21 часот, главен судија е Ивар Ори Кристјансон од Исланд.

Е, па, НАПРЕД Шкупи…

ПретходноАлександар Мирчевски ќе вози мотор, а Елена Јакимовска освои часовник во второто коло од наградната игра „ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ“ на 2WIN.MK!
СледноЛеброн Џејмс прв заработи половина милијарда долари во НБА!