Во досегашниот дел од преодниот рок клубовите од Премиер лигата за донесување на нови играчи потрошиле повеќе од сумата што ја потрошиле клубовите од Бундес лигата, Ла Лига и Лига 1 заедно, покажуваат статистичките податоци.
Ова лето премиерлигашите потрошиле 1 милијарда и 604 милиони евра за нови фудбалери, додека бундеслигашите, шпанските и италијанските прволигаши заедно 1 милијарда и 537 милиони евра.
На второто место по најмногу дадени пари за нови фудбалери се италијанските клубови со околу 635 милиони евра, потоа се Бундеслигашите со околу 474 милиони евра и шпанските клубови со околу 428 милиони евра досега.
Француските клубови дале 417,5 милиони евра за нови фудбалери.
Во сумите не се сметаат и платените фудбалери на позајмици, туку само чисти трансфери.
До крајот на преодниот рок има уште денови, па овие суми сигурно ќе се поместат.
Дома Меѓународен фудбал Англија Премиерлигашите потрошиле повеќе од клубовите од Бундес, Ла Лига и Серија А...