Србија ги победи нашите кадетки со 113:24

312

Висок пораз запиша нашата женска кадетска репрезентација на отворањето на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое денеска стартуваше во Подгорица.

Далеку подобра од нашата, беше селекцијата на Србија со 24-113.

Само неколку минути, оние уводните во „Бемакс“ Арената се водеше рамноправна борба. Но веќе до истекот на првиот период, фаворитот го презема работите во своите раце. По десет минути игра, Србија поведе со (27:8).

Многу брзо беше и (41:10), кога стана јасно дека Србија без проблеми ќе стигне до висок триумф.

Утре вечер, од 18.45 часот, за противник ја имаме селекцијата на БиХ, која во првиот меч од групата „А“ славеше победа над Ирска (60:55), додека селекцијата на Холандија беше слободна во ова друштво.

ПретходноНица близу до потписот на Марсело
СледноВардар се „распадна“ во второто полувреме, Целје е прв финалист во Струга!