Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција, ЖФК Љуботен загуби од австриски Ст.Полтен со убедлив резултат во квалификациите за Лигата на шампионите. Денеска на теренот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, македонските шампионки доживеаа пораз од 7:0 и со тоа не се пласираа во финалето на турнирот.
На другиот полуфинален меч кој се одигра на истиот терен во Скопје Динамо Минск од Белорусија славеше со 5:0 над Локомотив Стара Загора од Бугарија.
Со тоа во финалето ќе играат Ст.Полтен и Динамо Минск, а за трето место Љуботен и Локомотив.
За Љуботен играа: Лековска – Петровска, Николовска, Делгадо, Јошевска, Јанковска, Миловановиќ, Марковска, Ратковиќ, Гоја, Силва.
Играа уште: Јовановска, Хусеин, Петревска и Ѓеровска