Фазлагиќ на позајмица во Дунајска Стреда

296

Македонскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Дунајска Стреда. Откако неговиот во моментов матичен клуб Висла Краков на огромно изненадување минатата сезона испадна од првата лига на Полска, Фазлагиќ летово бараше решение каде да замине, а секако да игра во највисок ранг на конкуренција.

Изборот падна на тимот на Дунајска Стреда, тимот од Словачка, каде што Фазлагиќ заминува на позајмица, со оглед на фактот што има актуелен договор со тимот на Висла. Словачкиот тим по крајот на оваа сезона ќе има право на откуп на договорот на Фазлагиќ во вредност од 600.000 евра плус 20% од следниот трансфер.

Во моментов тимот на Дунајска е во супер форма и на стартот на шампионатот на Словачка е на втората позиција зад лидерот Слован. За Фазлагиќ ова е трансфер во и тоа како позната средина затоа што тој својата полна играчка афирмација ја доживеа во тимот на Жилина, каде што со одлични игри се наметна и како стандарден првотимец, а секако и капитен на У21 македонската селекција, а потоа и како сениорски репрезентативец.

 

ПретходноКога од Јунајтед чуле што бара мајката на Рабио, веднаш избегале…
СледноДемир Имери дел од Атирау