Шок во САД: Хрватот го спречи Надал да биде број еден!

1111

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен на стартот на Мастерсот во Синсинати на изненадување на сите. Надал беше совладан од малку подзаборавениот поранешен хрватски талент Борна Чориќ. Хрватот го спречи да го заземе првото место на АТП листата на овој турнир, откако го совлада со 7:6, 4:6, 6:3.

Надал го откажа Монтреал поради повреда, за да игра во Синсинати една недела подоцна, бидејќи имаше шанса повторно да биде број еден на АТП листата доколку го освои турнирот, но Чориќ сериозно му ги расипа плановите.

Последниот тенисер надвор од топ 150 кој го победи Надал беше Јоаким Јохансон во 2006 година. Потоа Надал имаше сооднос 47:0 против играчи надвор од топ 150. До Борна Чориќ во Синсинати. Последниот пораз на Надал од играч надвор од топ 100 беше против Денис Шаповалов пред пет години.

УС Опен почнува на 29 август, а таму Надал повторно ќе има шанса да го „симне“ од тронот Медведев, особено што Русинот ја брани титулата.

ПретходноАтлетико Мадрид одби 130 милиони евра за Феликс
СледноВилијан побегна од Бразил по смртните закани, се враќа во Премиер-лига!