Бразилскиот фудбалер Вилијан го напушти Коринтијанс откако доби смртни закани од навивачите на овој клуб.
Коринтијанс беше елиминиран во Копа Либертадорес од големиот ривал Фламенго, што навистина им пречеше на навивачите кои решија да се справат со играчите на свој начин.
Многу играчи, меѓу кои и Вилијан добија смртни закани, што пак навистина му пречеше на поранешниот играч на Челзи и Арсенал.
Бразилецот им порача на клупските челници дека го раскинува договорот и го напушта клубот и рече дека никогаш повеќе во кариерата нема да игра за бразилски клуб. Раководството на Коринтијанс веднаш ја исполнија неговата желба, бидејќи безбедноста на семејство на фудбалерот по пораките кои што ги доби беше ставена под знал прашачник.
Иако неочекувано остана без клуб, се чини дека Вилијан брзо ќе најде нов ангажман. Англиските медиуми денеска пишуваат дека овој фудбалер речиси сигурно ќе се врати во Премиер-лигата, а е пред потпис за Фулам со кој беше поврзуван пред неколку месеци.
🚨 Willian is expected at Fulham’s training ground today to complete a permanent move.
(Source: @TheAthleticUK) pic.twitter.com/zQrZgV7ya2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 17, 2022