И дефинитивно, барем според нашите информации, сите 16 клубови во ВМФЛ ја “средиле“документацијата, се разбира и котизацијата па така в сабота (20 август) може официјално да започне новата 2022/23 сезона и тоа со сите 16 екипи.
Познато е дека неколку клубови имаа проблем со плаќање на котизацијата, исто така проблем и со документацијата,па токму затоа и беше одложен стартот во ВМФЛ за една недела.
Но сега се е во ред, сите ќе играат и конечно може да се каже дека очекуваме супер интересна сезона.