Премиерлигашите потрошиле повеќе од клубовите од Бундес, Ла Лига и Серија А заедно

167

Во досегашниот дел од преодниот рок клубовите од Премиер лигата за донесување на нови играчи потрошиле повеќе од сумата што ја потрошиле клубовите од Бундес лигата, Ла Лига и Лига 1 заедно, покажуваат статистичките податоци.
Ова лето премиерлигашите потрошиле 1 милијарда и 604 милиони евра за нови фудбалери, додека бундеслигашите, шпанските и италијанските прволигаши заедно 1 милијарда и 537 милиони евра.
На второто место по најмногу дадени пари за нови фудбалери се италијанските клубови со околу 635 милиони евра, потоа се Бундеслигашите со околу 474 милиони евра и шпанските клубови со околу 428 милиони евра досега.
Француските клубови дале 417,5 милиони евра за нови фудбалери.
Во сумите не се сметаат и платените фудбалери на позајмици, туку само чисти трансфери.
До крајот на преодниот рок има уште денови, па овие суми сигурно ќе се поместат.

ПретходноБарса во Сосиедад ја најде замената за Бускетс
СледноПингпонгарите без победа го завршија настапот на ЕП во Минхен