Седлоски: Денеска не заслуживме да загубиме, не можам да честитам на противник што не бил подобар

5642

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, нормално разочаран од поразот вечерва од 1:2 од Балкани во рамките од плеј – офот за Конференциската лига, на официјалната прес конференција рече дека е сосема задоволен од она што неговиот тим го одиграл, дека не може да му честита на тим кој не го надиграл неговиот, и дека во овој дуел ама апсолутно ништо не е готово.

„Добар меч, подобриот не победи денеска. Видовте и сами, на толку неискористени шанси, супер отворивме, супер влеговме во овој меч. Примаш таков гол, ги предупредив играчите на кој начин може да примиме таков гол. Тоа не размрда, но во последните половина час буквално го надигравме противникот. Никако не можам да му честитам на противникот, затоа што од два шута на гол победија среде Скопје. Ниту еден од противниците кои ги имавме до сега летово во Европа, не не надигра особено во Скопје. Моја е одговорноста, јас ги бирам играчите, јас ја поставувам играта, и не можам ама ништо да замерам. Да напоменеме, има уште деведесет минути, и како што Балкани победи тука, ние ќе се обидеме да победиме таму. Не треба да не фаќа паника, напротив, сега треба да се смириме, и да одиграме максимално“ – изјави Седлоски.

ПретходноАлиоски со победа дебитираше за Фенербахче (ВИДЕО)
СледноАтлетико (М) не сака да и плати на Барса 40 милиони за Гризман