Во Англија сеуште се дебатира околу дербито кое се играше минатиот викенд во кое Челзи и Тотенхем одиграа 2:2. Не само што одиграа топ меч, туку имаше доста контраверзи, дуели, па и инциденти. Еден од нив секако настана по израмнувачкиот гол на Тотенхем во последните секунди на Хери Кејн. Пред таа ситуација, Ромеро го повлече Марк Кукуреља за коса, но Мајк Дин, кој што беше судија во ВАР собата во тој момент не најде за сходно да го повика главниот судија Ентони Тејлор и таа ситуација да ја погледне подобро преку ВАР.
„Не можев да побарам слободен удар за Челзи но можев да го побарам Тејлор да ја погледне ситуацијата преку ВАР.Во првиот момент мене ми се виде дека нема ништо спорно и насилно во потегот на Ромеро. Сепак, откако подробно ја погледнавме ситуацијата и јас и останатите судии, јасно беше дека сум погрешил“ – изјави Мајк Дин.
По мечот се направи огромна врева околу арбитражата односно конкретно на Тејлор, кој морал да реагира подобро за дадената ситуација.
Mike Dean has admitted he made a mistake by not asking referee Anthony Taylor to review Cristian Romero’s hair pull on Marc Cucurella. pic.twitter.com/vXNOwAmwnm
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 18, 2022