Женската кошарка ова лето полека кон сигурно чекори кон дното, линија од која тешко дека ќе ја мине во скоро време доколку не се засукаат „ракавите“, па и доколку и не се постават вистински предводници на националните тимови.
По срамниот настап на У18 репрезентацијата која се врати во Ц Дивизија, а за која лани се славеше како да сме освоиле Европско првенство, жална слика доаѓа од редовите на селекцијата до 16 години.
По убедливиот пораз од Србија (24-113) на стартот на ЕП „Б“ Дивизија, кадетките го запишаа вториот пораз, беа совладани од Босна со 29-47. Ако Србија беше пресилен противник, денеска против еднакво очаен противник, Македонија испрати слика дека иднина нема, алармот е вклучен и тоа на најсилно.
Овој дуел нема ни зошто да се прераскажува, едноставно како завршува летото, така добиваме слика, дека репрезентативната кошарка (општо) е во голем хаос.