Одбранбениот фудбалер Мохамед Симакан нема да може да премине од РБ Лајпциг во ПСЖ ова лето, пренесува „Екип“. Германскиот клуб го блокирал трансферот затоа што проценил дека нема да има доволно време за да најде и купи заменик на 22 годишниот Французин освен тоа другиот бек Лукас Клостерман им е повреден.
Оваа сезона Симакан одигра 2 меча за Лајпциг, а минатата сезона одигра 40 натпревари во сите натпреварувања. ПСЖ го пикирал него откако остана без Тило Керер кој си замина, а преговорите со Интер за Милан Шкринијар се одолговлекоа.
Инаку Симакан е екс-фудбалер на Стразбур, а според „Трансфермаркт“ неговата цена е околу 22 милиони евра.