Елиф Елмас има нов соиграч во името на Џакомо Распадори. Синоќа спортскиот директор на неговиот досегашен клуб Сасуоло, Џовани Карневали потврди дека со Наполи се договорени сите детали и дека ситници го делат Распадори од договор со Наполи.
Клубот го превзема Распадори на позајмица вредна 5 милиони евра, со можност за откуп на крајот од сезоната кој е означен на 25 милиони евра.
Дополнителни 5 милиони евра ќе бидат доделени на име на перформансите на играчот и тоа дали Наполи ќе игра во Лигата на Шампионите.