Тухел заработи суспензија, Конте мина само со парична казна!

271

Познати се официјалните казни за Томас Тухел и Антонио Конте, откако и двајцата добија црвени картони за време на дуелот меѓу Челзи и Тотенхем во рамките на Премиер-лигата.

Тухел доби еден меч суспензија и парична казна од 35.000 фунти како иницијатор на инцидентот, додека неговиот колега, Конте мина само со парична казна од 15.000 фунти.

И двајцата тренери ќе имаат право на жалба, што значи дека суспензијата на Тухел ќе биде подоцна одредена, по разгледување на нивните жалби доколку ги има.

ПретходноКадетките постигнаа 29 поени во еден меч, среќа Босанките им дадоа само 47 коша!
СледноМрежата на Столе пак мируваше: Димитриевски е специјалист за тимови од главниот град на Каталонија!