Булае Диа ќе напаѓа за Салернитана

81

Досегашниот шпиц на тимот на Виљареал, интернационалецот од Сенегал, Булае Диа, замина на едногодишна позајмица во тимот од Серија А, Салернитана. 25-годишниот Сенегалец пристигна на „Естадио де ла Керамика“ минатото лето за 12 милиони евра од француски Ремс, но не успеа да се наметне кај минатогодишниот полуфиналист во Лигата на шампионите.

Италијанскиот тим за услугите на Диа ќе плати 1 милион евра, а следното лето ќе може да го откупи за точно 12 милиони евра.

ПретходноРаспадори е нов играч на Наполи
СледноРускиот џин Ѕјуба ќе им биде соиграч на Манев и Куртулан