Трансферот на еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Касемиро во тимот на Манчестер Јунајтед е готова работа. Двата тима се договорија околу деталите од договорот, а и самиот играч му соопштил на тренерот на Реал, Карло Анчелоти дека е време да го напушти Сантијаго Бернабе по десет години престој таму.
Јунајтед ќе плати за услугите на 30. годишниот играч цели 70. милиони евра, а Касемиро ќе потпише четиригодишен договор вреден 18. милиони по сезона.
Најавите се дека Касемиро во текот на денешниот ден, ќе се појави во Јунајтед и дека викендов ќе биде претставен, а можно е да се најде во составот дури и на дербито против Ливерпул кое се игра во понеделник.