Колку пари толку музика: Штрајк во Вардар на ден пред новата сезона!

7958

Еее Вардаре Вардаре наш… најтрофеен наш клуб со титули, пехари, и најуспешен наш европски претставник со единствено учевство во групна фаза од едно натпреварување организирано од УЕФА….Ај што дочека втора сезона по ред да си второлигаш, ај што дочека со стара опрема да тренираш во Маџари, ај што дочека долгови и блокирани сметки, ај што дочека твоите верни „Комити“ да организираат ивенти за да соберат средства за да не згаснеш, дочека на ден на почеток на новиот ВМФЛ шампионат да не тренираш поради неисплатени плати.

СПОРТМЕДИА дознава дека денеска ФК Вардар пред утрешното гостување кај Арсими во Чегране, не го одржал својот тренинг од многу едноставна причина. Нема плата. Играчите штрајкуваат и бараат од сопственикот, управата, директорите, пари. Не одговори, преговори, демагогии, туку бараат пари. Заработени, гарантирани со договор.

Истите ги нема очигледно. Ги нема, и прашање е дали ќе ги има. Оваа финансиска криза, прикриена во Вардар, а свесно премолчена од нас медиумите, за нели, „доброто на Вардар“ трае со месеци, да не кажеме од самото преземање на раководната структура која е владеачка во моментов.

„Колку пари, толку музика“ вели нашиот народ, а во Вардар очигледно не да нема музика, нема инструменти во моментов, нема ни струја да се приклучи микрофон. Нема ништо!

Наводно се чекале да пристигна парите кои Бешикташ треба да ги исплати на име на тренинг компензација за трансферот на екс играчот на Вардар, Гуџуфи, но и од тоа очигледно засега нема ништо. Ќе си одигра утре Вардар во Чегране без тренинг, па ќе му ја мисли од понеделник.
ПретходноНиколов се приклучи: Посакуваме победа на двата меча!
СледноОд сигурна победа до пораз од Летонија: Кадетите ќе се борат за 11. место на Европското првенство!