Лидерот во светскиот рели-шампионат доживеа несреќа во Белгија (ВИДЕО)

158

Финскиот возач, Кале Рованпера доживеа несреќа за време на релито во Белгија кое се вози во рамките на Светскиот рели шампионат.

За време на трката на втората специјална етапа, Рованперја не успеа да се справи со кривината и одлета во канал. Автомобилот претрпе значителна штета, но самиот Рованперја и неговиот навигатор Џон Халтунен не бе аповредени. Како последица на несреќата излета шофершајбната на автомобилот, од каде Кале и Халтунен излегоа од возилото марка Тојота.

Вреди да се напомене дека Рованпера беше во водство во генералниот пласман до оваа трка.

Претходно„Ѓорче Петров Куп 2022“ со три домашни и три странски екипи
СледноДури 45 натпревари од новата НБА сезона ќе се играат во „европски термини“