Од сигурна победа до пораз од Летонија: Кадетите ќе се борат за 11. место на Европското првенство!

196

Македонската кадетска репрезентација ќе се бори за 11. место на Европското првенство „А“ Дивизија кое се одржува во Скопје. „Црвено-жолтите“ на денешниот меч против Летонија ја имаа победа во раце, но во финишот на плус шест му дозволија на противникот да се врати, да се избори за продолжение и на крајот да слави со 77-83.

За противник во мечот за 11 место, кадетите ќе го имаат поразениот од мечот меѓу Црна Гора и Полска. Најверојатно тоа ќе биде Црна Гора.

Ова беше интересен натпревар со бројни промени на водството. Првата четвртина беше во знакот на нашите момци, одржуваа минимална позитива од два до четири разлика, на крајот овој период го завршија со плус два (16-14). Летонија со серија од 4-0 дојде до прва поголема предност од три поени (24-27).

Противникот фати ритам и по одморот, дојде на плус пет (31-37), но Македонија брзо се врати, одигра одлични минути во финишот на третиот период и веќе на средината на следниот поведе со 59-50. Со поет поени во низа, Летонците намалија на 59-55. Следеа минути на грешки на двете страни, Зетов го прекина со едно слободно.

Во последните минута и 26 секунди, Македонија имаше минимални 65-59, Зетов ги реализираше сите три слободни фрлања и се чинеше дека го отвори патот кон победата. Летонија вака не размислуваше, се врати и израмни на 65-65 за продолжение, можеше да триумфира.

Практично од тие плус шест, противникот со серија од 6-19 и поведе со 71-78 во дополнителните пет минути. Ова беше доволно за победа.

ПретходноКолку пари толку музика: Штрајк во Вардар на ден пред новата сезона!
СледноКадетките постигнаа 29 поени во еден меч, среќа Босанките им дадоа само 47 коша!