Реал Мадрид се согласи да го продаде 30-годишниот фудбалер кој се договори со Манчестер Јунајтед и кариерата ја продолжува на „Олд Трафорд“.
„Кралевите“ вечерва го потврдија заминувањето на Касемиро и му се заблагодарија за соработката.
„Касемиро секогаш ќе биде дел од нашиот клуб. Исклучителен играч кој даде се од себе за Реал Мадрид. Нашиот клуб секогаш ќе биде негов дом. Нему и на неговото семејство му посакуваме се најдобро во новата фаза од животот“.
Comunicado Oficial: Casemiro.#RealMadrid | #GraciasCasemiro
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 19, 2022
Касемиро ќе потпише четиригодишен договор со „црвените ѓаволи“ со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.
We are delighted to have reached an agreement in principle for the transfer of @Casemiro 🇧🇷#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) August 19, 2022
Бразилскиот фудбалер е член на Реал од 2013 година. Накратко играше како позајмен во Порто, но по враќањето стана незаменлив член на тимот.
Со Реал Бразилецот освои дури 18 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите.
Вкупно, бразилскиот играч за врска одигра 336 натпревари во дресот на кралскиот клуб и постигна 31 гол.