Шпанскиот напаѓач Пако Алкасер е слободен фудбалер откако беше ослободен и од Виљареал и од неговиот нов клуб Ал Шарџа од Обединетите Арапски Емирати. Неочекуван пресврт во трансферот на напаѓачот кој од Виљареал отиде во Ал Шарџа како позајмен фудбалер со опција за откуп на договорот.
Тој патуваше 8 часа за да стигне до ОАЕ, се фотографираше со дресот на новиот клуб, се ракуваше со раководството се израдува на трансферот. 40 часа подоцна од клубот се премислија. Не го сакаат Пако и го отпуштија.
А тој назад во Шпанија каде што во меѓувреме Виљареал го прекина неговиот договор, па сега напаѓачот е слободен играч и е во потрага по нов клуб.