Распадори е нов играч на Наполи

158

Елиф Елмас има нов соиграч во името на Џакомо Распадори. Синоќа спортскиот директор на неговиот досегашен клуб Сасуоло, Џовани Карневали потврди дека со Наполи се договорени сите детали и дека ситници го делат Распадори од договор со Наполи.

Клубот го превзема Распадори на позајмица вредна 5 милиони евра, со можност за откуп на крајот од сезоната кој е означен на 25 милиони евра.

Дополнителни 5 милиони евра ќе бидат доделени на име на перформансите на играчот и тоа дали Наполи ќе игра во Лигата на Шампионите.

 

ПретходноБаерн го купи најголемиот талент во Грузија
СледноБулае Диа ќе напаѓа за Салернитана