Реџепи: Енис не е играч за втора лига, репрезентативец секогаш мора да е на највисоко ниво

1932

Енис Фазлагиќ од вчера е нов член на тимот на Дунајска Стреда. Играчот за врска се врати во Словачка, каде што своевремено настапуваше за тимот на Жилина, откако неговиот актуелен тим Висла Краков, изненадувачки испадна од прволигашка конкуренција минатата сезона. Сега тој ќе настаоува на едногодишна позајмица во Дунајска Стреда со назнака дека клубот на крајот на сезоната има право да го откупи за сума од 600.000 евра плус 20%.

„Конечно се се заврши. Едноставно мораше Енис да има нов клуб сезонава. Енис Фазлагиќ не е играч за второлигашка конкуренција, напротив, тоа е капитенот на У21 репрезентацијата на Македонија, сениорски репрезентативец, интернационалец со години, и репутација на одличен играч пред се во Словачка. Затоа и ја одбравме оваа дестинација. Фазлагиќ тука е ценет многу, а оди во клуб кој одлично стартуваше во новиот шампионат. Допрва ќе го видиме најдоброто од Енис, за кој сум сигурен дека е иднината на репрезентацијата на Македонија“ – вели менаџерот на Фазлагиќ за Спортмедиа, Шаќир Реџепи.

Фазлагиќ во текот на вчерашниот ден беше претставен во новиот клуб, и многу бргу ќе се најде и во првите единаесет на Дунајска Стреда.

 

 

ПретходноДи Марцио тврди, Јунајтед и Евертон се заинтересирани за Елиф Елмас
СледноБаерн го купи најголемиот талент во Грузија