Поранешниот руски репрезентативец Артјом Ѕјуба конечно пронајде клуб. По заминувањето од Зенит беше поврзуван со неколку клубови, се зборуваше и за Црвена Звезда, но на крајот тој решил да оди во Турција со тоа што потпиша договор со Адана Демирспор.
Ѕјуба, кој има 33 години, ќе им биде соиграч на македонските интернационалци Јован Манев и Арда Куртулан (новиот член на У21 селекцијата). Во нападот за партнер ќе го има пргавиот Марио Балотели.
Договорот е на една година со можност да биде продолжен на уште една.