Фудбалерот на Барселона, Роберто Левандовски останал без часовник вреден 70.000 евра, откако го запрел автомобилот за да се фотографира со навивачите пред тренинг центарот на каталонскиот клуб.
Според едната приказна, додека Полјакот позирал со обожавателите, крадец ја отворил совозачката врата и му го украл часовникот. Левандовски се обидел да го фати крадецот, но не успеал.
Локалната полиција го пронашла крадецот и го уапсила, но тој на рочиштето рекол дека го закопал часовникот.
Според друга приказна, онаа на каталонската полиција, 19-годишник пришол и му го украл часовникот од раката на играчот, но набрзо бил пронајден со часовникот во грмушките недалеку од стадионот.
Полицијата соопшти дека тој е уапсен за „насилен грабеж“.
Левандовски во Барселона дојде во летниот преоден рок во трансфер вреден 45 милиони евра од тимот на Баерн Минхен.