Челзи ја испрати првата понуда за Обамејанг

153

Челзи ја испрати првата понуда до Барселона за Пјер-Емерик Обамејанг.

19 милиони евра и уште пет милиони како бонуси е сумата која е вклучена во понудата што лондончани ја упатија до Каталонците.

Работата околу личните услови меѓу играчот и Челзи е завршена, а габонскиот напаѓач ќе заработува двојно поголема плата од онаа во Барселона. Во меѓувреме, останува да се види дали Барселона ќе ја прифати оваа понуда, бидејќи бараше 30 милиони евра за да го ослободи играчот.

ПретходноВМФЛ стартува со седум дуели: Мечот во Велес место утре, ќе се одигра во среда
Следно„Ѓорче Петров Куп 2022“ со три домашни и три странски екипи