Чурлинов ги поминал лекарските прегледи во Барнли, се чека официјална промоција

173

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го комплетирал трансферот во Барнли. Тој денеска ги минал лекарските прегледи и потпишал четиригодишен договор со англискиот клуб и сега се чека уште официјална промоција на крилниот напаѓач на „Турф Мур“.

Претходно трансферот се одолговлечи поради проблеми со визата на македонскиот фудбалер, па по неколку денови завршено е и тоа и Штутгарт ќе добие 3,5 милиони евра отштета и дополнителни 1,5 милиони евра во бонуси.

Со тоа Чемпионшип дивизијата ќе добие и македонски репрезентативец.

ПретходноРускиот џин Ѕјуба ќе им биде соиграч на Манев и Куртулан
СледноАнчелоти: Касемиро сака нов предизвик, мора да ја почитуваме неговата желба