Де Роси стартува како тренер и тоа во клуб од Серија Б

166

Светскиот фудбалски шампион со Италија Даниеле Де Роси наскоро ќе ја почне првата тренерска работа затоа што се очекува да го замени Фабио Касерта на клупата на Беневенто кој се натпреварува во Серија Б.

Светскиот првак од 2006 година моментално е еден од асистентите на селекторот Роберто Манчини, а одамна сака да работи самостојно како тренер. Според „Кориере дело Спорт“ Де Роси ќе го преземе Беневенто  по нивниот меч со Џенова викендов во рамките на 2.коло во Серија А.

Ако се случи тоа тогаш Де Роси ќе дебитира на клупата на мечот против уште еден светски првак од 2006 година, Фабио Гросо кој го тренира Фросиноне.

ПретходноСтруга 2022: Бутел и Алкалоид поделија по бод
СледноНиколов се приклучи: Посакуваме победа на двата меча!