Челзи ги поместува границите ова лето и е најголем трошаџија од сите англиски клубови и е првиот клуб кој ја проби границата од 200 милиони евра потрошени на засилувања. Најнов фудбалер, шести за кого лондонските „сини“ ова лето платија обештетување е италијанскиот фудбалер Чезаре Касадеи.
Се работи за талентиран младински фудбалер на италијанскиот вицешампион Интер, а доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ за 15 милиони евра плус 5 милиони во форма на бонуси. Тоа е висока сума за фудбалер кој нема ниту еден професионален натпревар во кариерата.
Претходно Челзи ги донесе Кукуреља, Стерлинг, Кулибали, Чуквуемеке и американскиот голман Габриел Слонин.