Николов се приклучи: Посакуваме победа на двата меча!

336

Кристијан Николов е во Скопје, по доаѓањето од Турција веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб на „црвено-жолтите“ предводен од Александар Јончeвски.

„Имаме нов селектор и ова е нов предизвик за сите нас. Секако е дека ќе дадеме се од себе, тука сме секогаш за националниот дрес. Можам да кажам дека ќе се бориме до крај и дека ќе одиме на што е можно подобри резултати. Ние посакуваме победи на двата меча. Оваа Македонија која ја имаме сега можеби е најкомплетната во изминатиот период.

Ни фалат неколку играчи, тоа е точно, но досега сме можеби најкомплетната репрезентација која сме ја имале, барем од таков поглед. Нашите мисли се насочени кон Данска, сега сите играат кошарка, сите напредуваат и сакаат да победат. Нема да ни биде воопшто лесно, но ние тука сме да одиграме максимално и да изгинеме за секоја топка затоа што играме за Македонија“, изјави Николов.

Македонија и гостува на Данска на 25. август во Нествед, на 28. август игра против Словачка во Скопје.

ПретходноДе Роси стартува како тренер и тоа во клуб од Серија Б
СледноКолку пари толку музика: Штрајк во Вардар на ден пред новата сезона!