Досегашниот играч на тимот на ВУлверхемптон, Матиас Нуњес е најскапото засилување за тимот на Вулверхемптон во историјата на овој Премиерлигаш. Договорот е вреден 45. милиони, и сега јавноста на големо пишува за играчот за врска.
Тоа е момче кое на своја 13. годишна возраст со своето семејство од Бразил, поточно од Рио се преселил во Португалија, и како и сите имигранти имал многу тешко детство. Морал да работи во пекара и напоредно да тренира во тимот на Спортинг Лисабон, односно во младинските категории надевајќи се на договор.
„Не беше лесно. На моменти немавме воопшто пари. Да, дел од животот го минав како продавач во пекара. Немав автомобил, па станував во 05:00 часот наутро и одев со велосипед на работа. Ќе одработе утринска смена, па одев на тренинг или натпревар кои беа закажани попладне. Не прашувајте како ги чувствував нозете. Тоа беа часови и часови товар за мене, но успеав ете да издржам и да истраам во мојата намера да станам професионален фудбалер“ – изјави минатата година Нуњес за португалски „Рекорд“.