Пресметката за пласман во финалето меѓу АЕК и Пелистер заврши со победа на македонскиот вицепрвак кој славеше со 26-27, таму силите ќе ги одмери со тимот на Целје. Очекувано, оваа средба мина во возбудлива и изедначена битка.
Битолчани беа под нивото во првото полувреме, грчкиот им успеа да го наметне своето темпо и да дојде до плус четири на одморот 16-12. Сепак Пелистер не остана на ова, со серија од 6-1 поведе сп 17-18 во 37 минута. На средината на овој период, битолчани имаа и плус два (19-21), оваа позитва не значеше ништо, Мандалиниќ, екс-ракометарот на битлчани изедначи на 21-21 за нови возбудувања и продолжување на неизвесноста.
На нецели четири минути до крајот, Пелистер го врати водството (24-25), резултат кој се покажа како доволен за пласман во финалето, главен удел имаше Лесјак. На крајот битолчани успеаја да ја сочуваат позитивата од еден гол до самиот крај.