Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го комплетирал трансферот во Барнли. Тој денеска ги минал лекарските прегледи и потпишал четиригодишен договор со англискиот клуб и сега се чека уште официјална промоција на крилниот напаѓач на „Турф Мур“.
Претходно трансферот се одолговлечи поради проблеми со визата на македонскиот фудбалер, па по неколку денови завршено е и тоа и Штутгарт ќе добие 3,5 милиони евра отштета и дополнителни 1,5 милиони евра во бонуси.
Со тоа Чемпионшип дивизијата ќе добие и македонски репрезентативец.
X News #Churlinov: DONE DEAL with @BurnleyOfficial now. He has signed his contract a few minutes ago. Medical done. @SkySportDE 🇲🇰 https://t.co/dptY95ltkC
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) August 19, 2022