Денеска стартува ВМФЛ, Гостивар е најголем фаворит, па потоа Вардар, Пелистер…

1510

 

Со еднонеделно пролонгирање денеска стартува единствената Втора лига во Македонија. Стартува сезоната 2022/23 во ВМФЛ,лига која по пауза од неколку години одново ќе биде единствена, нема веќе исток и запак. Секако дека ќе биде супер интересно, посебно ако се знае дека во оваа лига ќе играат двата наши најголеми фудбалски брендови, Вардар и Пелистер. Сепак во преден план е тимот на Гостивар, овој тим е прв фаворит. Имено гостиварци во летниот преоден рок драстично се засилија со повеќе искусни и проверени прволигашки играчи.

Вардар не е прв пик и поради агонијата во која западна нашиот најтрофеен клуб. Нема пари, вчера играчите не тренираа, штрајкуваа, а веќе денеска ги чека тешко гостување кај Арсими.

Сепак Вардар е Вардар, но само ако се подобрат работите и тимот игра како што треба.

Во Пелистер нови ветришта. Новото раководство, па и не е веќе ново,знае како да работи. Битолчани имаа добар преоден рок. Имаат добар тим, можеби не за прво место, но и тоа како ќе го “кројат“врвот.

Беласица, Воска, Охрид,Арсими, Кожуф на Ѓоре Јовановски, Детонит Плачковица би требало да играат видна улога, а Тетекс, Пехчево, Борец, Беса… се во најтешка ситуација.

Останатите клубови се добро познати на нашата фудбалска јавност, а дебитант е Арсими од Чегране, Да кажеме дека имаше фузија меѓу Детонит и Плачковица и сега тимот се вика Детонит Плачковица, а Пехчево се пресели во Скопје, всушност тоа е Локомотива, но засега тимот ќе се вика Пехчево.

Да кажеме дека првите две екипи на табелата на крајот од првенството ќе се пласираат директно во ПМФЛ, додека третопласираната ќе игра бараж со десетиот тим од ПМФЛ.

Инаку денеска, во 1.коло секако најинтересно ќе биде во Чегране, каде Арсими го дочекува Вардар. Гостивар во Скопје му гостува на Пехчево, а Пелистер игра во Гевгелија кај Кожув.

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

КОЖУВ –ПЕЛИСТЕР

АРСИМИ – ВАРДАР

ОХРИД – ТЕТЕКС

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БЕЛАСИЦА

КАРАОРМАН – ВОСКА

ПЕХЧЕВО – ГОСТИВАР

САСА -БЕСА

БОРЕЦ – СЛОГА ВИНИЦА (24.08.2022)

ПретходноТрансферот на Обамејанг во Челзи може да пропадне поради тетоважа?
СледноПоследен ден во Струга: Битолчани по првиот трофеј пред стартот на сезоната!