Заха и Палас ја растурија Астон Вила (видео)

95

Вилфред Заха го предводеше Кристал Палас до победа над Астон Вила со 3:1 во рамките на 3.коло од Премиер лигата. Поведоа гостите од Бирмингем со голот на Оли Воткинс во 5. минута но само две минути подоцна Вилфред Заха изедначи.

Истиот играч погоди во 58. минута по одбиена топка по неговиот промашен пенал. Во 71 минута Матета ги постави конечните 3:1 и му го нанесе на Астон Вила вториот пораз сезонава.

Евертон и Нотингем Форест одиграа 1:1 со голови во финишот на мечот. Поведоа гостите преку Џонсон во 82 минута, а изедначи Греј во 88 минута.

Фулам го совлада Брентфорд со 3:2 со голови на Рид, Палиња и Митровиќ, додека Лестер доживеа пораз дома од Саутемптон со 1:2.

Претходно Тотенхем го совлада Вулверхемптон со 1:0 со гол на Хари Кејн.

ПретходноСупер Дарко дебитираше за Барнли во лудо реми со шест гола
СледноАлкалоид поразен од АЕК во дуелот за петото место во Струга