Манчестер Ј. бара начин како да го „шутне“ Мегваер

475

Манчестер Јунајтед бара опција за да се ослободи од капитенот Хари Мегваер и да направи простор за доаѓање на засилувања во офанзивниот дел од тимот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ повеќе не сакаат да го трпат Мегваер, кој не ги оправда очекувањата по трансферот од Лестер, кога стана најскапиот дефанзивец во историјата.

Веќе се споменуваше дека тој ќе го загуби местото во стартниот тим со доаѓањето на Лисандро Мартинез и опоравувањето од повредата на Рафаел Варан.

Јунајтед го сака Кристијан Пулишиќ од Челзи каде Американецот ја нема потребната минутажа и ќе се обиде да го испрати Мегваер во спротивна насока.

ПретходноИ Евертон прашува за Елмас, од Наполи велат ќе разгледуваат само „сериозни понуди“
СледноСити нема платено ниту денар за трансферот на Халанд!