По ангажманот на Касемиро од Реал Мадрид, англискиот гигант Манчестер Јунајтед се спрема за нова офанзива, фудбалерот на Ајакс Антони Матеус дос Сантос или скратено Антони. Крилниот напаѓач одамна е желба на Ерик тен Хаг, но засега Ајакс оддолеваше на понудите на Манчестер Јунајтед.
Сега „Црвените ѓаволи“ охрабрени од трансферот на Касемиро, се спремаат во нова офанзива за бразилскиот фудбалер со понуда од 100 милиони евра со вклучени бонуси. Сума која е драстично повисока од тоа што го нудеше поранешниот англиски и европски шампион претходно.
А Бразилецот веќе ги информирал луѓето од Ајакс дека при добра понуда од Манчестер ќе го напушти Амстердам. Се чини дека таа е вистинската.