Бастианини ќе стартува од првото место на „Ред Бул Ринг“

142

Италијанскиот производител на мотори Дукати ги зазема првите четири позиции во стартниот грид пред утрешната ГП на Австрија. Изненадувачки, во квалификациите на патеката „Ред Бул Ринг“ најдобар беше возачот на Грезини Дукати Енеа Бастианини, на кого ова му е прв успех во квалификациите во кариерата во Мото ГП.

Од втората позиција ќе стартува Франциско Банаја кој оваа сезона четири пати победи во Мото ГП шампионатот. Третото и четвртото место ги заземаа Џек Милер и Хорхе Мартин.

Петтото место е за Фабио Квартараро од Јамаха, а неговиот сонародник Јоан Зарко од Прамак Дукати ќе го дополни вториот ред.

ПретходноИнтер му се приклучи на Милан во трката по Ачерби
СледноИвановски ќе игра за трофејот на ИТФ турнирот во Тунис