Ивановски ќе игра за трофејот на ИТФ турнирот во Тунис

193

Македонската тениска сензација Калин Ивановски обезбеди место во финалето на ИТФ фјучрс турнирот во Монастир, Тунис. Тинејџерот го победи Сирил Вандермерш од Франција со 2:1 во сетови 6:7, 7:5 и 7:6. Вандермерш важеше за втор носител на турнирот во Тунис.

Ивановски на патот до финалето освен што го елиминира Вандермерш, беше подобар и од Николај Неделчев од Бугарија, Едуард Вилослада од Франција и Метју Делаведова од Австралија.

Во финалето Ивановски ќе игра против Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина.

ПретходноБастианини ќе стартува од првото место на „Ред Бул Ринг“
СледноНеверојатно: Вердер губеше oд Дортмунд со 2:0, па победи со три гола во судиското продолжение