Во дуел во кој имаше десетминутно продолжение, односно се играше стотина и повеќе минути, тимот на Бетис на гостински терен ја совлада Мајорка со конечни 1:2.
Гостите поведоа преку пенал реализиран од страна на Иглесиас во деветтата минута, а израмни Муричи во 57.
Сепак, со нов удар од белата точка и повторно реализиран од страна на Иглесиас гостите дојдоа до ново водство кое овојпат го задржаа до самито крај. Мечот прерасна во вистинска „војна“ со десетина прекини и петнаесет доделени жолти картони.