Интер му се приклучи на Милан во трката по Ачерби

95

Одбранбениот фудбалер на Лацио Франческо Ачерби има две интересни понуди и тоа за преселба во еден од миланските гиганти, пренесува „Тутомеркато“. Според истиот извор открива дека Интер го сака искусниот дефанзивец на позајмица со опција за откуп на договорот. Истото го сака и Милан, па ќе видиме што ќе излезе од сето ова.

Ачерби претходно беше во Милан и тоа во сезоната 2012-13, но не се изнаигра. Само шест меча во Серија А, а втората полусезона беше позајмен во Џенова.

Играше за неколку клубови меѓу кои Киево, Реџина, Сасуоло, а од 2018 година премина во Лацио за кого одигра 135 натпревари во Серија А. Инаку има и 25 настапи за репрезентацијата на Италија.

ПретходноЧешка останува без најдобриот кошаркар за Евробаскетот 2022?
СледноБастианини ќе стартува од првото место на „Ред Бул Ринг“