Двата меча кои од Серија А, кои беа на програмата попладнево, а кои воедно беа и првите од второто коло од новиот шампионат, завршија без голови 0:0.
Торино – Лацио односно Удинезе – Салернитана, се дуелите на кои немаше погодоци, а и премногу интересни моменти.
На дуелот во Удине, домашните останаа со играч помалку одкако Перез доби црвен картон на крајот од првиот дел, а Илија Несторовски не дочека да влезе во игра на овој дуел.
Од 20:45 се играат мечевите Интер – Специа и Сасуоло – Лече.