И Евертон прашува за Елмас, од Наполи велат ќе разгледуваат само „сериозни понуди“

300

Според новинарот на „Скај Спорт“, Џанлука Ди Марцио, англиски Евертон е уште една од екипите кои се наредија во листата на заинтересирани клубови за потписот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. „Карамелите“ се појавија како една од двете можни дестинации за нашиот офанзивен играч за врска, откако Манчестер Јунајтед се споменуваше како сериозно заинтересиран за фудбалеро на Наполи.

Сепак, вестите од Италија велат дека засега нема сериозни преговори, а и Наполи е заинтересиран да ги задржи и Елиф и Ирвинг Лозано во тимот за следната сезона. Според италијански извори, Наполи ќе разгледа само „важни понуди“ за овие двајца.

ПретходноПоследен ден на ЕП: Македонија против Полска за 11 место (ЛИНК)
СледноМанчестер Ј. бара начин како да го „шутне“ Мегваер