Кадетите го завршија Евробаскетот во Скопје на 12. место

110

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години го заврши Евробаскетот во Скопје на 12. место. Во последниот меч од разигрувањето, нашата селекција загуби во битката за 11. позиција од селекцијата на Полска со 71:68.

Во интересен и до крај неизвесен дуел, Полјаците имаа повеќе нерви во завршницата и успеаја да дојдат до победата. За Македонија ова беше петтиот пораз во седмиот одигран меч на првенството.

Лазарев постигна 13 поени за нашата репрезентација, додека по 11 уфрлија Величковски и Зетов. Во селекцијата на Полска со 22 поени најефикасен беше Баганц.

ПретходноХари Кејн со нов премиерлигашки рекорд сервираше нова победа за Тотенхем (ВИДЕО)
СледноВарди го „извиси“ Манчестер Ј. и потпиша нов договор со Лестер