„Лавовите“ ја торпедираа слабата Победа

448

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ја впиша првата победа сезонава во ПМФЛ откако во 3. Коло ја совлада Победа со 4:1. Избраниците на Муарем Бајрами ја оправдаа фаворитската улога против прилепската екипа и ги освоија првите бодови.

Во шестата минута „Лавовите“ поведоа со голот на Сефер Емини кој со ефектен волеј ја прати топката во мрежата. Но Победа возврати со гол на Мазари во 17. минута што беше и прв гол на Победа во новата сезона.

Од 34. До 38. Минута „лавовите“ преку Стојкоски и уште еден гол на Емини зголемија на 3:1 и го трасираа патот до победата. Во 79 минута летното засилување Еду Мена Перез стрелаше за конечни 4:1.

Победа има три порази досега и идното коло ќе игра со Шкупи во гости, а Македонија ќе се соочи со Брегалница во гости.

ПретходноЈунајтед во нова офанзива: 100 милиони евра за Антони
СледноВМФЛ: Вардар со три бода против Арсими, сигурни победи на Гостивар и на Пелистер