Мото ГП ја копира Формула 1 и од 2023 година ќе почне со организација на т.н. Спринт трки. Она што Формула 1 го започна минатата година на три трки (Велика Британија, Италија, Бразил) и кое повторно го предложи оваа година од следната ќе биде дел и од Мото ГП каленадрот.
Сопственикот на правата на натпреварувањето, Дорна, го достави овој предлог за ревидирање на календарот и натпреварувањето до производителите, кои денеска во Зелтвег имаа состанок на натпреварувачката комиција. Според информациите, предлогот ќе биде прифатен и официјализиран во следните неколку часа.
Спринт трките ќе се организираат веројатно на половина од растојанието на една трката и ќе се доделуваат половина од бодовите за првите девет финишери. Истите ќе се одржуваат секој викенд. Сепак, сегашната програма ќе биде скратена.