Неверојатен меч на „Сигнал Идуна Парк“. Фудбалерите на Борусија Дортмунд се посрамотија пред своите навивачи во дуелот со Вердер во Бундес лигата кој го загубија со 2:3. Срамот е поголем затоа што „милионерите“ водеа со 2:0 (со голови на Брант и Гереиро) до 89 минута, а потоа примија три во судиското продолжение на времето.
Буханан намали, во наредната акција Шмит изедначи (90+3 минута) и потоа Бурк ја донесе победата за „музикантите“ од Бремен (во 90+5 минута).
На другите натпревари, Баер Леверкузен изгуби дома од Хофенхајм со 0:3, Штутгарт исто така изгуби дома од Фрајбург со 0:1, Волфсбург и Шалке одиграа без голови. А Мајнц во гости го совлада Аугзбург со 2:1.